Локално

Исмаил му објасни на Спасовски што му е работа

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Член на Президиумот на Левица

Го слушам Министерот за внатрешни, Спасовски, го викнале на МТВ 1 (очигледно се самопоканил) и од таму заедно со водителката (за греота), упатуваат апел до граѓаните да тие, на 4-ти февруари, при чествување на роденденот на Гоце Делчев во неговото вечно почивалиште, црквата Св.Спас во Скопје, ДА НЕ ПОТПАЃАЛЕ НА ПРОВОКАЦИИ?!

Абе министре, ваша задача е да спречите воопшто да има провокации, а не да го апсите и тепате народот кој секако нема да дозволи сквернавење на апостолот на македонската нација, Делчев.

Проста е работата, на 4-ти пред Св.Спас не смее да има било каква официјална бугарска делегација, затоа што државата (власта) има негаторски и анти-македонски ставови, а тоа дури се протега кон отворено врховистички изблици, и таквите треба да се уапсат а не само да не се пуштат преку граница.

Делегација од Бугарија може да има само некое македонско друшто, од они кои Бугарија одбива да ги регистрира и редовно им ги уништува канцелариите. или некој уметник, некое фолклорно или литературно друштво, кое за сигурност знаеме дека не е на линија на Бугарската држава во однос на Македонија и македоскиот народ, ако воопшто има такво во фашистичката пудлица Бугарија.