Стојков: Врз Македонците во Бугарија се вршени систематски репресии
Да ја кажеме вистината в оочи за тоа кој кого репресира и кој кого го лаже во актуелните македонско – бугарски случувања, вели проф. д-р Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин (забранетата македонска партија во Бугарија), во врска со обвинувањата од оваа земја за злосторства кон Бугарите во Македонија.
„Нема ниедно документирано злосторство од Македонија кон Бугари за кои зборува бугарскиот министер министер Милков. Но, познати се злосторства што во фашистичкиот период од страна на Бугарија биле вршени и врз деца во Македонија. Се шират небулози за 200.000 злосторства кон Бугари. Во тие неверојатни лаги и небулози што ги шири Бугарија, секој Македонец што се борел за самостојна Македонија, и поради тоа бил репресиран во минатото, тие го претставуваат како Бугарин“, изјави Стојков во емисијата тема на денот на Сител ТВ.
Наспроти овие обвинувања од актуелната власт во Бугарија, историчарот Стојков, воинтервју за ТВ Сител, повлече паралела помеѓу вистинските злосторства и геноцидот што е вршен врз Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија.
„Наспроти лагите од Бугарија за скратување на правата на Бугарите во Македонија, во Бугарија систематски се репресирани, праќани во логори, затворани, бркани од работа сите Македонци кои не сакале насилно да станат Бугари“, вели професорот Стојков.
Тој говори и за пресудите од Судот за човекови права, вкупно 16 во корист на Македонците во Бугарија, кои оваа земја членка на ЕУ не ги спроведува.