АктуелноИнтернационално

Мадуро повикува на формирање на сојуз со Русија и Кина

Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, отворено ги повика земјите на Латинска Америка и Карибите да се соединат во едниствен политички блок со цел да се направи сојуз со Русија и Кина.

Во тек на својот говор во парламентот во Венецуела, Мадуро рече дека неодамна разговарал со претседателите на Бразил, Колумбија и Аргентина за формирање на таков регионален блок:

Доаѓа нов момент. Посебен момент. Момент да ги соединиме напорите и патиштата на луѓето од Латинска Америка и Карибите, да напредуваме во формирање на моќен политички блок. Економски силен блок кој разговара со светот, кој го повикува светот кон интеграција, кој го повикува светот во изградување на нови столбови на моќ во општество со заедничка судбина за која зборува нашиот постар брат Си Џипинг. Посакуваме човештво како една заедница која дели судбина. Или оној пултиполарен свет за кој зборува нашиот брат Владимир Путин. За да се дојде до таков свет неопходен е кохезивен, уединен, напреден блок на Латинска Америка и Карибите. Затоа кажувам, затоа објавувам: Венецуела се става себе на првата линија на фронтот во борбата за изградување на Голема Татковина! Независни и суверени сили кои ќе донесат повеќе среќа прогрес и просперитет на нашата Татковина и на цел Латинско – Амерички и Карипски континет.

Во продолжение дел од неговиот говор: