ДПМНЕ во заштита на загадувачите ја одби иницијативата на Левица за мерна станица кај Усје
- Реакција на Политичката партија Левица
По Предлог-Иницијатива поднесена од советничката група на Левица – Град Скопје усвоена на вчерашната седница на Советот, ќе се постави мерна станица за контрола на квалитетот на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ.
Советниците од Левица, Катерина Јовановска и Реџеп Исмаил на седницата говореа за нужноста од поставување на оваа мерна станица непосредно во близина на најголемиот утврден загадувач во котлината, и дека по овој пример понатаму треба да се стават мерни станици и кај другите индустриски капацитети.
Време е да прекине митот за индустриските комплекси како општествено одговорни компании и како мал дел од проблемот со загадувањето. Непрекинато се покажува дека блискоста на олигархијата со политичарите го минимизира нивниот удел во загадувањето и ги фаворизира легислативно и институционално.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја подржат оваа клучна иницијатива, велејќи дека тоа е предвидено со буџетот на Општина Кисела Вода за следната година, сепак, советникот на Левица, Амар Мециновиќ одговори дека покрај тоа што тој општински совет и градоначалник одбија иста ваква иницијатива поднесена на 25. октомври минатата година од советник од Левица, и покрај можната колизија на интереси поради блискоста на градоначалникот со приватните сопственици на УСЈЕ не можеме да веруваме дека покрај јавниот притисок нешто суштински ќе де преземе. Затоа е потребна иницијатива на Левица во Град Скопје.
Наместо лаги и замајување, советниците од Левица нудат конкретни чекори за решавање на овој долгогодишен проблем!