(Видео) Апасиев: Власта преку МВР и параполициски структури врши континуирана репресија врз левичарите!

На вчерашната собраниска седница закажана за пратенички прашања, лидерот на Левица – проф. Димитар Апасиев, како вовед во неговите три поставени прашања до министерот Оливер Спасовски и до премиерот Ковачевски, хронолошки ги наведе случаевите во кои безбедносните служби под команда на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вршеле класична полициска репресија врз членовите на Политичката партија Левица и неуспешно се обиделе да организираат местенки како изговор за апсење на левичари.

Трите прашања кои лидерот на Левица, Апасиев ги постави до Спасовски и Кобачевски беа:

  1. Министре, дали раководите партиска или државна полиција и кој е организаторот на хајките против Левица. Дали сте Вие, Премиерот или генералниот секретар на СДСМ – Миле Зечевиќ?
  2. Дали сте вршеле притисок врз Внатрешната контрола на МВР за владино прикривање на Вашите битанги, рекетари, џанаци и тепачи, коишто немаат никаква дисциплинска последица за тортурата која нѝ ја прават?
  3. Дали Република Македонија, односно безбедносните служби, го користи шпиунскиот софтвер „Пегасус“ којшто, според Извештај на европарламентот, го користеле 14 земји членки на ЕУ и којшто се користи за компромитирање на политички неистомисленици.

Целиот говор можете да го погледнете на видеото подолу: