Aпасиев од говорница ги разобличи удбашко-полициските репресии врз левичарите
- На вчерашната собрадниска Седница за поставување на пратенички прашања, лидерот на Левица со обради до Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, каде хронолошки наброја цела листа на притисоци и закани, кои СДСМ ги прави врз членовите на левица, злоупотребвајќи го државниот апарат за принуда. Во прилог во го пренесуваме неговиот говор во целост:
Ќе се осврнам на една системска појава која ја лоцирав, односно удбашко-полициската репресија врз левичарите. Тоа значи дека прашањата ќе ми бидат насочени кон министерот за внатрешни работи и кон премиерот, или кон т.н. „кумановско крило“ во Владата – како што го нарекува „Фокус“, тивкиот социјалдемократ кој стана незаменлив министер во Владата.
Ќе почнам хронолошки да ги редам, овие несвојствени според мене, удбашко-полициските репресивни дејствија врз левичарите кои наликуваат небаре сме курдска работничка партија, а Вие сте Ердоган во Турција.
Во време на Груевски, 2016 година, познати се нашите кривични судења во Шарената револуција, кога тројца раководни кадри и основачи на Партијата, сѐ уште се влечат по судови и единствено тие останаа кривично да се гонат. Го повлековте обвинението против Павле (?) за да гласа за уставните измени и останаа само левичарите кривично да одговараат за палењето на канцеларијата на Иванов.
Потоа е и обидот за пуч истата година, според наши сознанија, со нотари, адвокати блиски до СДСМ на кои потоа ќерките им ги вработивте по државните институции.
И потоа доаѓа Вашето време од 2017 година па наваму, и сега хронолошки ќе Ви ги набројам сите Ваши прекршувања на законот во поглед на пресметка со Вашите политички непријатели, а тоа во случајов сме ние, левичарите.
Првото беше, ако се сеќавате министре, апсењето на демонстранти, антимилитаристи во жена парк на анти-НАТО протестот, за кој во прв пат во историјата на независна Македонија, имате Одлука на Уставен суд по итна интердиктна заштита. Тоа се слични на оние од Стразбур, но овој пат Уставен се одважи, каде што направивте класичен кавер ап, односно владино прикривање на 7 полициски инспектори и униформирани полициски службеници. Во петитумот на Одлуката се вели: „Полицијата (која вие ја раководевте) била свесна и знаела дека овие лица се припадници на Левица, бидејќи истите ги носеле нејзините симболи. Дискриминаторското постапување на припадниците на полицијата, со нивно преземање физичка сила и ставање лисици на рацете е класична директна дискриминација, бидејќи биле третирани понеповолно како апликанти од случајот со другите демонстранти. Значи утврдено е за прв пат во историјата на уставното судство кај нас, повреда на слобода на мислата и јавното изразување на мислата и забрана за дискриминација по основ на политичка припадност “– заштитена како итна заштита во чл. 110 од Уставот.
Следната година, во 2018 година, случајот Апасиев, каде Рашковски од позиција на генерален секретар преку Тахир Хани од ДУИ и преку инспекторот Африм Саљиу од ДУИ – се обидуваат да го оспорат мојот докторат, т.е. ги чешлаат десетките на Апасиев, односно дали се истите добиени легално, какви биле моите ментори, дали тие имале соодветно образование од областа и слично. И тој обид Ви пропадна на поништување на мојот докторат.
Следна година имаме хакерски напад на Фејсбук страната и сајтот на Левица, кој е уредно пријавен и сѐ уште немаме никакви сознанија за истиот.
Следната година, во 2020 година, кога маргиналната Левица станува парламентарна парија е врвот на овие закани по живот од страна на нашите политички пријатели. И Вие класично се однесувате како да сте партиски, а не државен министер. Вие како министер треба и мојот живот да го заштитувате иако сме политички опоненти, бидејќи обратно е хибриден режим.
За споредба, кога градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, којшто имал далеку понесериозна закана по живот од страна на обичен лик – лицето кое се заканило со фејсбук напис е приведено, со одреден куќен притвор и кривично е гонет за загрозување на безбедноста и сигурноста. Сепак, по заканите кон Апасиев, дојдени од страна на посериозни, радикални структури, коишто иако се уредно пријавени не е ништо преземено.
2021 година на 11 октомври, советникот од Прилеп за изјавата кон Заев „ова не е Ваша територија“ сѐ уште се влече по судови.
2022 година, за протестите за бугарскиот предлог, кога со уфрлени Ваши провокатори со качулки се обидовте да нѐ наместите на протестите пред Собрание, но не ви успеа мастер планот за апсење на раководството на Левица.
Потоа следеа распитите по полициски станици на советниците од Левица во Велес и Кавадарци зашто на тамошните пратеници им рекле дека се предваници.
Потоа следуваат протестите на Мечкин Камен каде на прославата Ваш началник на СВР Битола, Бенито Јошевски, преку пара-полициски структури, поврзана е и затворската полиција на Вашиот рекетар Сокол – успеваат практично да ги елиминираат нашите коишто се таму и доаѓа до физичка пресметка.
Сѐ до најновата удбашко-џандарска местенка која се случи пред неколку дена, кога 5 души со џип Дефендер од специјалната и интервентна полиција со панцири и пиштоли запираат наш член кој во возилото се наоѓал со 6 годишно дете, му вршат незаконски претрес, без записник и потоа доаѓа СМС порака „Ова ти е поздрав од АНБ – тек је почело“.
И класична медиумска местенка, за 11 минути, од моментот кога објавија слика од кафаната во Аеродром – до моментот кога го тормозат дечкото, стигнува за 11 минути веста до медиумите со класични спинувања. Класична медиумска местенка каде новинари блиски, прво до ДПМНЕ, а потоа и Вашите “цивилаши“ и компанија ја пренесоа веста за тоа како телохранителот на Апасиев, инаку немам телохранител, бил фатен и за малку ќе му нашле кокаин. Класични местенки.
Прашањата ми се:
- Министре, дали раководите партиска или државна полиција и кој е организаторот на хајките против Левица. Дали сте Вие, Премиерот или генералниот секретар на СДСМ – Миле Зечевиќ?
- Дали сте вршеле притисок врз Внатрешната контрола на МВР за владино прикривање на Вашите битанги, рекетари, џанаци и тепачи, коишто немаат никаква дисциплинска последица за тортурата која нѝ ја прават?
- Дали Република Македонија, односно безбедносните служби, го користи шпиунскиот софтвер „Пегасус“ којшто, според Извештај на европарламентот, го користеле 14 земји членки на ЕУ и којшто се користи за компромитирање на политички неистомисленици.