За едно исечено дрво, засадуваме 10 нови
- Соопштение на Левица – ЛО Штип
Членовите на Локалниот огранок на Левица – Штип реализираа уште една успешна акција во која беа засадени млади садници од сортата Бреза и Јавор.
Изреволтирани од неодамна спроведената сеча на здрави стебла од страна на Јп Исар, членовите на Левица одлучија да направат контра акција со цел надоместување на претходно направената штета по дрвниот фонд во нашиот град.
Да потсетиме дека неодамна, токму советникот од редовите на Левица, Ангеле Михајловски, поднесе Иницијатива за отпочнување на постапка за формирање на Катастар на зеленило, алатка која ќе биде во функција на евидентирање и тековно следење на сите зелени објекти во Штип.
Оваа иницијатива, како и сите останати иницијативи предложени од Левица, беше одбиена од страна на мнозинството советници од локалната власт, за во исто време да се врши неконтролирано касапење на здрави дрвја по населените места во Штип.
Претходното раководство од СДС, само пред една и пол година, правеше пустош кога ги “обезглави” дрвјата во паркот во населба Сењак, а несоодветно пресадените липи од Булеварот “Партизанска” се исушија благодарение на нестручните насоки на “експертите” менаџери.
Нашата порака е јасна.
Ниту едно без причина исечено дрво нема да помине незабележано, напротив, секогаш ќе возвраќаме со засадени 10 нови!