Реконструкција на игралиште по иницијативата на Левица во Град Скопје
По амандман на советниците од #Левица на 13. седница на Советот на Град Скопје, на предлог-ребелансот на Буџетот на Град Скопје за 2022 година, прифатена беше иницијативата за реконструкција и уредување на спортско игралиште во парк шумата Гази Баба со соодветна спортска опрема и соодветно уредување на просторот.
Разноликоста на активностите за граѓаните на просторот на најголемата зелена површина во градот потребно е да се негува и надоградува и да не се дозволи повторно да западне во заборав за градските власти.
Благодарност до работниците од ЈП Улици и Патишта, како и до сите учесници во реализација на оваа идеја. Парк шумата Гази Баба доби уште една причина плус да се посети за рекреативни цели!