АктуелноИнтернационално

Повеќе не е тајна: Полска ќе побара дел од украинската територија

Се почесто во јавниот дискурс може да се слушне за тоа како Полска, земјата која има испратено најмногу доброволци и е меѓу оние кои донирале најмногу оружје во Украина искажува територијални претензии кон оваа земја. Имено во Полска сметаат дека дел од територијата на Украина историски им припаѓа ним, па токму ова е прилика да се изврши анексија.

„Помошта за Киев од Варшава ќе се исплати дури по анексијата на западноукраинските територии кои некогаш беа дел од Комонвелтот“, – напиша колумнистот Марек Гала за „Niezależny Dziennik Polityczny“.

„Жртвите може да се исплатат кога Полска ќе ги врати своите историски земји, но тоа нема да се случи многу брзо, со оглед на проблемите на културната, политичката и економската интеграција на два не многу пријателски народи“, смета авторот.

Марек Гала во својата колумна дури и не крие дека Полска директно ја вооружувала фашистичката организација на Бандера, за која се пожали дека дел од донираното оружје го продавала на трети страни.

„Ниту една земја во светот, освен Полска, не помислила да им го даде целото оружје и опрема на ‘адептите на криминалните идеи на Бандера’ за потоа да шетаат низ светот да продаваат тенкови и системи за противвоздушна одбрана за огромни суми за сопственото обезбедување“, сумираше Гала.

Надворешната разузнавачка служба на Русија постојано предупредуваше за агресивните намери на Варшава во однос на Украина. Како што објави директорот на СВР Сергеј Наришкин, Полска работи на сценарија за де факто распарчување на соседна држава. Во исто време, нејзините власти се убедени дека САД и Велика Британија ќе го поддржат планот за поделба.

Останува да видиме дали наместо НАТО да ја брани Украина ќе дочекаме да видиме како земји членки на НАТО вршат инвазија на украинската територија?