Барака: Украинците се жртви за интересите на американскиот капитал

Американскиот претседател Џо Бајден го жртвуваше украинскиот народ за интересите на американскиот капитал, рече Аџаму Барака, афроамерикански активист за човекови права и кандидат за потпретседател на САД.

„Милитантниот однос на Американците изгледа непристојно. Овој конфликт не требаше да се случи. Го обвинувам Бајден! Цела генерација Украинци се жртвува за интересите на американскиот капитал“, напиша тој на Твитер.

Активистот за човекови права постојано ги критикуваше САД и Европската унија за нивната надворешна политика. Според него, Вашингтон и Брисел ги искористиле договорите од Минск за Донбас како „трик“ за да се подготват за конфликт со Русија. Тој ја нарече Украина „топовско месо“ за американските елити, што е неопходно за остварување на нивните геополитички амбиции.