АктуелноИнтернационално

Димитров ги зафркна Американците – Не го повлекува признанието на Гуаидо за претседател на Венецуела

Западнопрогласениот претседател на Венецуела, Гуаидо од прв ден на „владеењето“ немаше никаква власт во државата, но заради тоа што им вршеше одлична работа на САД и ЕУ во обидите за мешање во внатрешните работи на земјата, од нивна страна беше прогласен за претседател.

Никогаш неизбраниот и несудениот претседател на Венецуела, кој титулата претседател ја доби од САД, а не на избори, беше признаен од нивниот послушник во државава Никола Димитров, за официјален претседател на државата.

Меѓувремено, американската администрација потврди дека САД повеќе не го признава Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела, останува да видиме дали Димитров ќе го повлече признавањето на имагинарниот претседател или македонската дипломатија предводена од Османи ќе продолжи да соработува со непостоечка институција.

Промената на расположението на САД делумно е затоа што немаше никаква корист од Гуаидо, а најважна причина е тоа што по отпочнувањето на воената криза на американците им затреба нафта од Венецуела.

Се’ уште е непознато дали САД за оваа одлука го имаат консултирано Никола Димитров како еден од столбовите на глобалната поддршка на Гуаидо. Но, на твитерот на Димитров нема објавено дали тој го отповикува признавањето на Гуаидо за претседател на Венецуела.