Џемаил Максут – Македонски театарски и филмски глумец од турска народност

  • Пишува: Билјана Челик

Максут е роден во Скопје на 8 мај 1933 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата за англиски јазик во 1964 година. Бил член на Турската драма во Театарот на народностите во Скопје од 1953 до 1991 година, кога и се пензионирал.

Има забележителни постигнувања и на филмското платно, како и на сцените на други театри. Починал во Скопје на 28 декември 2001 година.

Во јавноста, Максут е најзапаметен како Црна Арапина, соперникот на јунакот Крали Марко.

Благодарение на неговиот уникатен изглед, глас и стас беше еден од најбараните македонски актери за странски продукции!
Толкуваше мали, но симболични улоги на кои се темелеа цели филмови.

Беше актер кој за себе велеше дека најмногу сака да игра во драми…токму и во тој жарн ја покажа и докажа својата актерска големина…
Колку што многу играше негативци на сцената, толку многу беше добар, мирен и тивок во приватноста.

Актерот кој никогаш не ја избричил својата брада ни по цена да изгуби некоја улога! Напротив секогаш режисерите и продуцентите попуштале пред неговата големина и одредените улогите му ги дозволувале и со брада!

Има забележителни постигнувања и на филмското платно, како и на сцените на други театри.
Улоги: Отело; Војникот фалбаџија во истимените дела; Мармеладов („Злосторство и казна“); Дервишот („Дервиш и смрт“); Ајан („Угурсуз“); Фалстаф („Веселите жени виндзорски“) и др. Настапил во филмовите: „До слободата и по неа“; „Јазол“; „Јад“; „Хај-фај“; „Црвениот коњ“; „Преку езерото“; „Пред дождот“; „Прашина“ и др.

Максут почина на 28 декември 2001 година во Скопје .