Предлог проектите на Левица во Илинден ВМРО-ДПМНЕ ги претставува како свои

  • Реакција на Левица – ЛО Илинден

Во недостиг на свои идеи, во Општина Илинден ВМРО ДПМНЕ го има превземено предлогот на Левица за изградба на мултифункционален парк позади спортската сала и го има претставено како свој проект, насловен со друго име, “мултифункционално игралиште”.

Ги поздравуваме нашите политички опоненти и им укажуваме слободно да ги разгледаат и нашите други предлози, нека ги променат имињата на нашите проекти и нека ги реализираат, бидејќи се работи за разумни проекти кои што можат да донесат само добро на граѓаните!

За жал од страна на претставниците на СДС во Советот на Општината не се поднесуваат никакви предлози што би биле во интерес на граѓаните, па очигледно политичката партија Левица е единствената партија што дава предлози кои што одат во интерес на граѓаните, а СДС како политичка партија влегла во процесот на ПАСОКизација порано од очекуваното!