Мециновиќ: Обвинувањата од „Белата палата“ се очајни

  • Изјава на Портпаролот на Левица – Амар Мециновиќ за „Локално“

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје и тоа можат и домашните новинари да го воочат со оглед на минатите неколку седници, на кои тоа што се усвојува, е она кое советниците на овие партии го гласаат, вели портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ за „Локално“.

Според него, „обвинувањата од Белата палата се очајни“.

-Нивниот лидер (Христијан Мицкоски) кој не беше кандидат за пратеник на минатите избори и подржа независна кандидатка за градската власт, која потоа се дистанцираше од обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку локалната самоуправа да ја спрема сопствената структура за следните избори – сега посочува кон Левица, единствената автентична политичка опција во Советот, ни потенцира Мециновиќ.

Несомнено, посочува портпаролот на Левица, „членството на ВМРО-ДПМНЕ со скептицизам ја следи состојбата, бидејќи преку пропаганди соопштенија не може да се замати здравиот разум“.

-Тие, како и целата јавност ги воочуваат погрешните одлуки на раководството и последователното бегање од одговорноста, истакнуваат од партијата Левица.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение утрово порача дека СДСМ, Левица и ДУИ се власт во град Скопје и дека директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени токму од тритет партии. Додадоа дека тоа е „најголем доказ за коалицијата која ја споделуваат заедно со ГРОМ“.

Текстот е превземен од – lokalno.mk