ЕУ продолжува со цензура, се забрануваат уште четири руски телевизиски станици
Цензурата e дел од деветтиот пакет санкции на ЕУ вклучува и забрана за емитување на уште четири руски телевизиски станици.
Советот на ЕУ иницираше процес за суспендирање на дозволите за емитување на руските телевизиски канали „НТВ“, „РЕН ТВ“, „Русија 1“ и „Први канал“, се вели во денешното официјално соопштение, објавено на веб-страницата на Советот на ЕУ.
„Со цел да се спротивстави на систематската меѓународна кампања на Руската Федерација, која вклучува дезинформации и манипулации со информации, се со цел да ги дестабилизира соседите и ЕУ, инициран е процес за суспендирање на дозволите за емитување на уште четири медиуми. “, објаснија денеска од Советот на Европа.
Овие руски медиуми сепак ќе имаат право да вршат истражувања и интервјуа само на територијата на Унијата, додаваат од ЕУ.
„Наведените медиуми се под постојана директна или индиректна контрола на раководството на Руската Федерација, која ги користеше за ширење дезинформации и воена пропаганда заради легитимирање на руската агресија и поткопување на поддршката за Украина“, се вели во соопштението.
Почетокот на цензурата што денес ја прави ЕУ датира од ноември 2016 година, кога Европскиот парламент усвои резолуција во која се наведува дека е неопходно да се соочи со руските медиуми, особено „Спутник“ и РТ, кои се наведени како главни закани.
Голем број западни политичари, меѓу кои и американски сенатори и конгресмени, како и францускиот претседател, ги обвинија „Спутник“ и РТ за мешање во американските и француските избори, но не дадоа никакви докази за тоа.
Од Русија ваквите изјави ги нарекоа неточни и неосновани.
Забраната за емитување на РТ и нејзините блиски компании беше усвоена на 2 март годинава, непосредно по почетокот на конфликтот во Украина, и тогаш Здружението на новинари на Македонија, Синдикатот на новинари и медиумски работници и Советот за етика во медиумите на Македонија истакнаа дека „затворањето руски медиуми не е вистински начин за борба против дезинформациите“.