Адвокатот Рауфи кој ги бранеше терористите од Диво Насеље го брани основачот на „Ванчо Михајлов“

На прашањето дали се чувствува како ксенофоб со тоа што на интерент страницата на здружението се објавуваат содржини и коментари кои го навредуваат македонскиот народ. Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, одговори „Нема такво нешто, вие измислувате“, им рече на новинарите претседателот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

Тој даде исказ во Обвинителството во Битола по кривичната пријава за ширење ксенофобија и расизам поднесена од политичката партија Левица.

„Не постои воопшто такво нешто на нашата страницата. Јас не можам да одговарам во името на илјадници што коментираат. Се администрира страната колку што може. Никаде не сме го навредиле македонскиот народ“, рече Ѓоргиевски.

На интернет страницата на Културниот центар „Иван Ванчо Михајлов“, во врска со распитот на Ѓоргиевски е објавена изјава на секретарот на центарот Благој Шаторов, во која се вели дека овој „политички монтиран поцес преку нереформирано законодавсто создадено во Титова Југославија е како во времето на црвените српско-комунистички орди“.

Објавувани се текстови, стари написи по весници, говори на личности од историјата од минатото каде 11 Октомври е наречен Ден на жалоста, дека „света должност е да се работи за слободата на Македонија и нејзината бугарштина“. Читателите се јавуваат со навредливи коментари дека земјата е српска творевина и дека „Михајлов на сите ќе ви дојде до ак“. Цитат од Михајлов е врамен и во клубот во Битола, а на кој се негира македонската нација.

Потсетуваме дека до Основното јавно обвинителство во Битола, Левица поднесе Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации.

Во одбрана од обвинението поднесено од Левица до основачот на Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ е адвокатот Насер Рауфи, што ги бранеше терористите од Диво Насеље, кои во Куманово убија осум македонски полицајци. Рауфи рече дека сè уште нема обвинителен предлог и дека беа повикани само во рамките на истрагата.

Според партијата „епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности.“

Исто така, постапувајќи по иницијативата на Левица за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, ќе оценува дали Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола се спротивни на член 110 и член 112 од Уставот.