Мециновиќ контра Зечевиќ: За каков режим станува збор?

  • Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на политичката партија Левица

Прашање до општествените научници:

За каков режим станува збор, кога нова влада ја заменува претходната која потполно се делегитимитира, и преку киднапирање наместо избори се консолидира на идејата дека само ТИЕ можат да нè донесат до целта (извор на легитимитет) и дека ќе го УНИШТАТ секој кој ќе се попречи на тој пат (не кон целта, туку просто на патот на нивното владеење), иако народот нема согласност да се владее со него од страна на оваа гарнитура и полноправно полага поддршка кон опозициска опција, која е единствено закана по сегашната владејачка констелација?

Бонус поени: Кон што посочува присутвото на наративот за ‘државен непријател број еден’ кон политичка опција различна од владејачките партии?

Бонус бонус поени: Без избори и тоталитарен однос кон политичките непријатели, дали се негуваат демократските принципи, и за каков режим станува збор?

Види одговор:
А В Т О Р И Т А Р Е Н РЕЖИМ