Левица: На подвидок проневара на пари одредени на социјално загрозените
- Соопштение на политичката партија Левица
До Левица стигнуваат поплаки од поголема група на граѓани од социјално ранливите категории, кои ги исполнуваат условите за финансиска помош согласно Законот за финансиска помош на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, но ги нема на списоците кои што вчера ги објави Министерството за труд и социјална политика.
Ако се земат предвид случувањата од минатата година, кога финансиската помош наменета за правните лица со потешкотии во работењето во пандемијата, наместо кај овие фирми, завршија кај фирми блиски до владејачката структура, граѓаните основано се прашуваат каде се парите наменети за социјално ранливите категории на граѓани?
Револтот е поголем затоа што многу категории на граѓани од социјален ризик, не се опфатени во законот.
Таков е случајот со лицата на кои што здравствената состојба не им се води како трајна – поточно оние кои што за остварување на одредено право мораат да поднесуваат документи секоја година, а токму Собранието минатата година усвои измени за кои што Левица апелираше дека се штетни, со кои драстично се ограничуваат категориите на граѓани на кои што состојбата ќе им се смета за трајна.
Партијата на олигархијата СДС и режимот на диктаторот Ковачевски, посветени се кон ништење на обичниот човек и кражбата на народниот буџет,