АктуелноИнтернационално

Фолдина: Зошто никој не го осуди бомбардирањето на НАТО врз Југославија

Европската Унија и Соединетите Американски Држави со својата надворешна политика ја украдоа територијата на Србија и никој од вас до ден денес не ја осуди, изјави чешкиот пратеник и член на партијата „Слобода и директна демократија“, Јарослав Фолдина во обраќање пред владејачката коалиција од пет партии пред Претставничкиот дом на чешкиот парламент.

„НАТО не ѝ објави војна на Југославија, туку ја бомбардираше, ја уништи нејзината енергетска инфраструктура со графитни бомби, фрлаше касетни бомби врз населението, истрела ракети со осиромашен ураниум и никој од вас досега не го осуди“, изјави чешкиот пратеник Јарослав Фолдина.

Потсетуваме, агресијата на НАТО против СР Југославија траеше 78 дена, при што имаше 30.000 воздушни напади и беа истрелани над 50.000 деструктивни проектили.

Повредени беа 12.500 жители, а причинета е огромна материјална штета на бројни воени и цивилни објекти, училишта, здравствени домови, споменици на културата, медиумски куќи и слично.