На денешен ден 1956 година Фидел Кастро и Че Гевара се истоварија на Куба и ставија крај на режимот на Батиста
На денешен ден, кубанските револуционери на чело со Фидел Кастро се истоварија на Куба, со што го завршија периодот на егзил што го поминаа во Мексико и започнаа нова фаза од револуционерната борба на островот. Кастро беше во Мексико откако мораше да избега од Куба по првиот обид за напад на режимот на Фулгенсио Батиста.
За време на престојот во Мексико, Фидел Кастро се сретнал со Ернесто Че Гевара, аргентинскиот револуционер и заедно почнале подготовки за враќање во Куба и соборување на тамошниот режим на Батиста. После подготовките, на денешен ден, 82 револуционери допловиле до брегот на Куба со познатиот брод „Гранма“. На бродот од 19 метри и капацитет од 12 патници биле: Фидел Кастро, неговиот брат Раул, Че Гевара и уште 79 револуционери. Поради преголемиот товар бродот со крајни напори пристигнал на плажата Лас Колорадас во непристапен дел на Куба.
Набрзо групата била нападната од војската на Батиста и повеќето од нив загинале. Дваесетте преживеани се повлекле на планината Сиера Маестра и оттаму започнаа долгорочна герилска војна, која ќе доведе до победа само три години подоцна. Јахтата „Гранма“ е кубански револуционерен симбол, а денот на инвазијата е прогласен за ден на кубанските вооружени сили.
Кастро од самиот почеток континуирано инвестираше во државниот образовен и здравствен систем, кој се уште важи за еден од најдобрите во регионот.
Фидел, како што го нарекуваат многу Кубанци, се посветил на социјализмот од неговите млади денови и цел живот се борел за своите идеи за правда и за кубанската независност. Тој ги мразеше индустриските нации со нивниот капиталистички систем.