АктуелноЛокално

Левица: Уставниот суд ги штити пратениците наместо владеењето на правото

  • Соопштение на политичката партија Левица

Уставниот суд по скоро година и пеѕ месеци од поднесувањето конечно ја зема во работа Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина поднесена од страна на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Сепак, повеќе од очекувана е одлуката на Уставниот суд да не се поведе постапката по оваа Иницијатива со млако и бледо образложение кое гласи „Со оспорената одлука се разработуваат условите за остварување на ова право, односно се прецизираат случаите кога се смета дека возилото се користи за службени цели“.

Сето ова е во насока на заштита на пратениците и нивните лукративни интереси.

Овој додаток се исплаќа на пратениците согласно Одлука донесена од страна на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата како постојано работно тело на Собранието, а притоа истиот додаток не е предвиден односно регулиран со Законот за пратениците.

Дали на овој начин уставните судии си овозможувааат алиби и заштита на своите интереси знаејќи дека самите тие уставни судии на незаконит начин со Деловникот за работа си предвидоа додатоци на плата во висина од 35 отсто месечно, иако со Деловник се пропишуваат процедурата и правилата во една институција, а не и платите и додатоците.

Законот за пратениците таксативно ги наведува личните приходи и надоместоци на трошоците на кои пратеникот има право, но законодавецот никаде не предвидел плус дополнителен надоместок на трошоците за исплатените патарини, туку само надоместок за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво според изминат километар за возилото кое се користи.

Левица останува доследна во борбата за владеење на правото и будно ги следи сите незаконитости со преземање на активни чекори до крајно ослободување од оваа хибридна власт