Повторно оштетен бугарскиот клуб во Охрид, овојпат искршено стаклото од излогот

На 21.11.2022 година во 02.05 часот, во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Колку за потсетување, пред околу еден месец беше искршена таблата со името на клубот, чие отворање предизвика револт кај охриѓани кој беше изразен преку протест.

Веста е превземена од ohrid24.mk