АктуелноИнтернационалноОгледало

108 години од смртта на српскиот социјалистички великан Димитрије Туцовиќ

Српскиот политичар, социјалистички теоретичар, национален јунак, а секако и еден од родоначелниците  на работничкото движење на Балканот загина на денешен ден пред 108 години кај Лајковац, во пресметка са австроунгарската војска, положувајќи го животот за татковината. Како учесник во Балканските војни, но и жесток критичар на подреденоста на српската национална политика на тесноградите, кусогледи и погубни политики на нејзината буржоазија, кои целеа кон колонизација преку подјармување на соседните народи – по терк на европските колонијани сили, кои на сличен начин потчинија бројни прекуокански народи.

Тој е воедно и сведок на злосторствата на војската во која војуваше рамо до рамо со своите другари пролетери, сторени над албанското работно население, а своите теоретски анализи и лични искуства ги забележува во капиталното дело Србија и Арбанија. Во неа со методот на научниот социјализам ги предвидува последиците на освојувачката политика на српската буржоазија чија суштина ја екстраполира на националната политика на владеачките кругови на балканските држави кои наместо да градат широка балканска заедница, подлегнуваат на краткорочните себични интереси на својата саможива буржоазија, притоа создавајќи вековни непријателства чиј неиздржлив товар ден-денес го носи работничката класа на Балканот.

Во текот на својот краток, но содржаен живот, уредник е на Радничке новине – партиско гласило на Српската социјалдемократска партија во која е и Секретар, додека пак партијата е дел од Втората интернационала во која исто така членуваат Роза Луксембург и Владимир И. Ленин. 

Претчувствувајќи го своето загинување, во писмо упатено на татко му кажува: „Никогаш не сум, па нема ни во овој миг, да помислувам да се тргнувам од судбината која го следи сиот народ.”