Димков: Студентскиот марш го гледам како протест
Кристијан Димков од Студентски отпор во вчерашната емисијата 24 анализа, нагласи дека денешниот студентски марш го гледа како протест на студентите, кои не бараат ништо повеќе освен елементарни работи.
Јас студентскиот марш го гледам како протест, заеднички протест, бидејќи имаме заеднички барања и целата поента е унапредување на студентскиот стандард, бидејќи сметам дека нашите барања како Студентски одбор и исто и на УСС и другите унииверзитетски собранија се многу реални и се многу базични и основни, тоа се основни работи.
Претставникот на Студентски отпор додаде дека е дегутантно да се расправа за нормални услови за живот во студентските домови во 21 век.
За жал, сѐ уште треба да разговараме за нив во 21 век, 2022 година, мораме да разговараме за нормални услови во студентските домови, мораме да разговараме за нормален студентски стандард, за условно кажано студентите да можат нормално или достоинствено да студираат.