Димков до министрите: Дали би пратиле ваше дете да престојува во студентски дом?

Кристијан Димков од Студентски отпор во емисијата 24 анализа го реактуелизираше прашањето за состојбата во која се наоѓаат студентските домови. Во дебатната емисија каде со студентите гостуваше и претставник од министерството Димков го постави прашањето дали министрите би дозволиле нивните деца да живеат во такви услови.

Можеме да се согласиме со Славчо, транспарентно ни крадат/ кратат од нашите барања. Можете како сакате тоа да го интерпретирате. Но јас сакам да прашам господинот, бидејќи сигурно ги има видено сликите од студентските домови, особено во Стив Наумов, но и другите не се многу подобри, дали вие би пратиле ваше дете да престојува во таков студентски дом?

Откако не доби одговор од претставникот од министерството, Димков констатираше дека во образованието постојат класни разлики, а тоа го потврдува фактот дека децата на сирмомашни родители живеат во мизерни услови во студентските домови, додека пак децата на богатите ги немаат ниту посетено овие домови.

На крај димков додаде „Стив наумов е место каде што би живееле робови, а не студенти“.