Ковачевски во служба на лихво-банкарите наместо да ги заштити граѓаните
- Реакција на Политичката партија Левица
Иако класната раслоеност и сиромаштијата во Македонија зазема енормни размери, премиерот Ковачевски единствено ги штити профитите на олигархијата и крупниот капитал.
Токму Ковачевски од собраниската говорница, пред само неколку месеци, ги повика пратениците од СДСМ да го разгледаат Законот за банки во делот на провизии и низ јавна расправа, да се интервенира во профитот на банките што доаѓа од некаматни приходи, односно од провизии.
Ваков предлог-закон поднесоа пратениците на Левица, со цел регулирање на скриените трошоци од провизии, кои моментално банките сами ги одредуваат, без никакви ограничувања.
Во вчерашното излагање за предлог-закониот, пратеникот Димитар Апасиев повика на разумност од владејачкото мнозинство и отвореност истиот амандмански да се доизмени, но сепак, 41 пратеник од СДС и ДУИ гласаа ПРОТИВ ограничување на провизиите и против интересот на мнозинството граѓани.
Иако домашните банки кризната 2021 година ја завршија со рекорден профит во историјата на нивното постоење и заработија 149 милиони евра, изминатиов периодов банките воведуваат нови надоместоци и провизии и ги зголемуваат постојните.
Поради ваквите деструктивни политики на најнеспособната гарнитура на власт, Македонија се соочува со највисока стапка на инфлација во регионот. Немањето визија и стратегија, како и отсуството на долгорочни цели е обележје на владеењето на СДС, кои со ваквите катастрофални политики очигледно се помирени со нивната пасокизација на наредни избори и нивно целосно исчезнување од политичката сцена.