Студентски отпор: Студентите се обединија за денешниот марш

Студентите се обединија! УСС при Уким, ШТУЛ, ФОН, АМЕРИКАН, ФОП, УКЛО, УГД и движењето Студентски отпор обединето ќе ги бараат своите права! Оваа борба е заедничка и само сплотени и заедно ќе успееме да ги заштитиме нашите права и барања.

Ве очекуваме во четврток, по повод Меѓународниот ден на студентите, со почеток во 17:30 часот, да излеземе сите заедно, сплотени на голем студентски марш, каде тргнувајќи од Влада па до МОН ќе го завршиме нашиот марш и јасно и гласно ќе ги искажеме нашите барања, а тоа се:
Издвојување на средства од буџетот за:

  1. Подобри услови во студентските домови;
  2. Изземање на студентите од антикризните мерки;
  3. Целосно спроведување на законот за студентски оброк и зголемување на сумата;
  4. Изедначување на стипендиите;
  5. Подигнување на квалитетот на образованието;
  6. Дигитализација.

Ги повикуваме сите кои се вклучени активно во образованието меѓу кои, средношколци, професори, декани и ректори да ни дадат поддршка и да се приклучат на маршот!
Ајде сите заедно да се избориме за нашите студентски права и подобар студентски стандард!

Споделете, Ве очекуваме во што поголем број!