Сулејман Сојлу: Не го прифаќаме сочувството на САД
Шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија на улицата Истиклал, за која властите велат дека ја извршил сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација.
„Не го прифаќаме сочувството на САД‘‘, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува АПА повикувајќи се на НТВ.
Тој истакна дека извршителите на терористичкиот акт се обиделе да ги елиминираат доказите со наредба за убиство на лицето кое ја извршило експлозијата.
Сојлу додаде дека Турција ќе одговори на оние кои испратиле пораки со терористички чин и ќе продолжи со антитерористичката операција.
„Не го прифаќаме сочувството на САД ‘‘ нагласи министерот.