Мециновиќ до Мицкоски: Ако влечете континуитет од Ванчо Михајлов треба да се самоукинете
- Пишува: Амар Мециновиќ – портпарол на политичката партија Левица
МИЦКОСКИ ЗА МИХАЈЛОВ – ДПМНЕ ДА СЕ УКИНЕ
“Не мора да се сложиме со тоа што го правеле претходниците и со тоа како раководеле со организацијата. Ќе помине деценија, па некој друг во иднина можеби со нас нема да се согласува.”
Ако влечете континуитет, брат ми, да се самоукинете и АСНОМ да биде споменик на вашиот пораз. Да бидеме на чисто дека ‘македонизмот’ вам ви е заболено ткиво на бугарштината.
Вам ви е Тито грешник оти ја ‘создал македонската нација’. Нам, оти не се вложил повеќе да ви ја сотре усташко-бугарската терористичка емиграција.
Далеку од последиците на нивните злодела против македонскиот народ, да се состанувате во странски земји да формирате партии кои се континуитет на Ванчо Михајлов. Алооо!
Ех, кутра Македонијо, од михајловисти ли очекуваш да се на твоја страна?
Кога ќе се повикаат ванчовистиве на АСНОМ, замислете го волкот маскиран во овца.