АктуелноЛокално

Левица: Лихвобанкарите ненаситени и покрај нивниот прогресивен раст на нивните добивки

  • Реакција на политичката партија Левица

Од втората половина на декември Комерцијална банка АД Скопје воведува надоместок за исплата на готовина на шалтерите на банката од девизни трансакциски сметки и неорочени денарски и девизни депозити, кој ќе изнесува 0,1% по поединечен налог (минимум 30 денари, а максимум 500 денари) и ќе изврши измена на надоместоците за исплата на готовина од денарска трансакциска сметка во истиот износ.

Лихвобанкарската ненаситност нема граници. Од 13 големи банки во Македонија, дури пет се наоѓаат на листата на најголемите банки ТОП 100 во Југоисточна Европа, но трката за профит не застанува. И покрај тоа што учеството на приходите по основ на провизии и надоместоци се движи до 30 отсто од вкупниот приход, голем дел од банките веќе извршиле промена на тарифниците.

Заклучно со третиот квартал оваа година, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка АД Скопје остварија нето добивки речиси 100 милиони евра, но нивната лакомост по есктра-профити во време на криза, кога крајно е загрозена благосостојбата и животниот стандард, не престанува.

Слободата во утврдувањето на тарифите, која законски им се овозможува, во континуитет се злоупотребува. Сведоци сме дека нивните профити растат прогресивно од година во година и затоа единствено решение е воведување на даночни реформи со прогресивни стапки и антипровизиски закон.

Левица поднесе Предлог закон за дополнување на Законот за платниот промет по скратена постапка, со кој ќе се ограничат и намалат провизиите и надоместоците на банките