Наместени испити за вработување во јавната администрација
Поплаки од лошата работа на администрацијата слушаме секојдневно, како што од политичарите и функционерите слушаме дека се залагаат и преземаат мерки за подобрување на професионалноста и функционалноста на администрацијата, но дали е тоа навистина така?
Васко Петрушев е млад човек, магистер на Машинскиот факултет со просек 9.50 кој аплицирал на јавен оглас за вработување во АЕК и мислејќи дека знаењето и испитите ќе бидат пресудни за вработување на работното место. Но не било така…
За време на втората фаза, односно за време на тестот за административни службеници Петрушев забележал дека кандидат кој полагал заедно со него користел телефон, ТОЈ ПОСОЧИЛ НА НЕПРАВИЛНОСТА но никој од членовите на комисијата која го спроведувала испитот не реагирал соодветно.
– Се јавив по јавен оглас број 396/22 организиран за потребите на АЕК на работна позиција помлад соработник за прибирање на податоци и анализа, започна Петрушев кој ни ја објасни постапката за вработување со јавен оглас објавен преку Агенција за администрација.
– Постапката има три фази, првата фаза е административна селекција по пријава, секој корисник креира профил кај што си прави сопствено CV, фазата број два е спроведување на админситративен испит и последната фаза е интервју.
По успешно помината прва фаза, бев повикан во просториите на Агенцијата за администрација на ден 07.11.2022 во 9 часот, вчера за да го полагам испитот за административни службеници. Испитот започна би рекол добро но во текот воочив некои неправилности, односно еден од кандидатите користеше мобилен телефон за време на полагањето, вели Васко.
Тој покажа и Правилник за полагање на испит за административни службеници и објасни дека согласно чл.40 од Законот за административни службеници, испитот го организира Агенцијата за амдинистрација, тоа е јавен процес кој се снима и во Правилникот е наведено дека кандидатите треба да ги исклучат мобилните телефони и останати уреди кои ги поседуваат.
Во точка 6 од истиот Правилник е наведено дека доколку некој од канидатите не го почитува тоа ќе биде отстранет од испитот и дека ќе му биде извршена забрана за полагање на испитот за три години, тоа повлекува и прекршочна постапка и треба да му биде изречена глоба од 100 или 200 евра.
Васко вели дека двапати реагирал за неправилноста, односно користењето на телефон од страна на кандидатот до Комисијата, кои не изреагирале согласно Правилникот.
– Првата моја реакција беше до Комисијата со прашање дали е дозволено користење на мобилен телефон, тие не изреагираа соодветно, само ми кажа една од членовите дека може некој му ѕвони. Самата вработена која е член на Комисијата не си ги познава ингеренциите и постапките за полагањето. Ми кажа дека треба да го почекаме лицето вработено во Агенција за администрација.
Вториот пат беше кога дојде тоа лице и јас изреагирав дека кандидатот користи обилен телефон, тој му кажа само “Ајде прибери го телефонот и стави го во џееб”, но не постапи соглансо правилникот, а тоа е да го отстрани, вели Петрушев.
Тој вели дека по завршувањето на испитот разговарал со комисијата, а лицето вработено во Агенција за админситрација прво рекло дека му го земало телефонот на кандидатот, па дека не можел да го земе бидејќи не е негова сопственост.
– Денеска бев на интервју, тоа започна во најдобар ред, ми беа поставени основни прашања но во моментот кога сакав да реагирам за вчерашната случка бев прекинат и ми беше кажано дека тие го водат интервјуто. На крај на истото јас ја објаснив ситуацијата и им кажав дека ова не може тука да застане и кажав дека планирам да ја терам постапката до крај за нивна кривична одговорност бидејќи ја нарушиле службената должност и го погазија Кодексот за етичко и морално однесување на административните службеници, вели Васко.
Инаку испитот за админситративни службеници се снима и пренесува во живо на веб-страницата на Агенцијата за администрација, каде може да се најде и снимка од испитот.
Веста е превземена од Infomax.mk