(Видео) Новиот обвинител Абази избран без програма за која вели дека ја претставил
Новиот Јавен обвинител за организиран криминал Ислам Абази, кој беше избран вчера, за медиумите изјави дека ја претстави својата програма за работа која ја немал.
„Иако немав програма како другите дел од колегите што ја доставија програма, јас бев во постојана комуникација со Јавните обвинители и на истите цело време им ја изложив мојата визија и програма и проект како ќе биде и како ќе раководам јас со тоа Обвинителство.“ кажа новиот јавен обвинител Абази.
Инаку Ислам Абази, наследникот на шефовската позиција што ја имаше Вилма Русковска, посочува дека нема никакви релации со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој не исклучува дека некогаш се сретнале во Зајас, местото од каде потекнуваат и двајцата. Пред новинарите посочи:
„Дружењето со такви личности не е во смисла забрането. Тоа е непристојно дружење во смисла ако има непристојно дружење“. Абази за Ахмети додаде: „Можеби сме се сретнале. Лични контакти немам“.