АктуелноЕУИнтернационално

Повеќе не е тајна: ЕУ нема ништо против глорификацијата на фашизмот и нацизмот

Третиот комитет на Генералното собрание на ООН ја усвои руската нацрт-резолуција „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“.

ЗА“ документот гласаа 105 држави, 52 беа против, 15 беа воздржани.

Земјите на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија која е целосно солидаризирана со надворешната политика на Унијата гласаа „Против“ резолуцијата за борба со глорификацијата на фашизмот и нацизмот. Со ова ЕУ уште еднаш покажа дека не ја осудуваа глорификацијата, која е сериозен тренд што може да ја наруши безбедноста и стабилноста во Европа.

Резолуцијата препорачува земјите да преземат соодветни конкретни мерки, „вклучително и во законодавната и образовната област“, ​​за да се спречи ревизијата на историјата и резултатите од Втората светска војна и „негирањето на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на Втората светска војна“.

Меѓу коавторите на документот се Азербејџан, Белорусија, Венецуела, Виетнам, Камбоџа, Северна Кореја, Куба, Лаос, Мали, Никарагва, Пакистан, Сирија, Судан, Централноафриканската Република, Екваторијална Гвинеја и Јужна Африка.

Потсетуваме дека на „Денот на победата над фашизмот“, пратениците на Левица поднесоа Резолуција против глорификацијата и рехабилитацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици до Собранието на Република Македонија, која се’ уште не е ставена на дневен ред од страна на Талат Џафери.