Петров: Предлог законот за земјоделско земјиште потврдува дека СДС и ДУИ се заштитници на олигархијата
- Фејсбук статус на Никола Петров, Координатор на Левица – Земјоделски сектор.
Предлог законот: Во членот 4 во точка 11 бројот „500“ се заменува со бројот „30“ и бројот „5.5“ се заменува со бројот „3“. ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ: Член 4, Точка 11: “Помошни објекти“ се градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, за времено сместување на земјоделски производи со површина до 500 метри квадратни и максимална висина од 5,5 метри.“
Значи, со нивниот предлог закон тие сакаат помошните објекти кои земјоделците ги градат на нивните ниви, од сегашната површина од 500 метри квадратни и висина од 5,5 метри, да ги намалат на површина од 30 метри квадратни и висина од 3 метри.
Доколку помине нивниот предлог закон ќе се случи ова
Пример 1:
Митко од Свети Николе кој обработува неколку хектари земја и произведува стотици тони житни култури, ќе сака на својата нива да си изгради силоси, објекти за складирање на своето жито, оставање на трактори, комбањ и друга механизација.Митко со постоечкиот закон смее да изгади објект од 500 метри квадратни и висок до 5,5 метри. Но со новиот предлог закон, Митко ќе може да изгради објект од само 30 метри квадратни и висок до 3 метри. Тоа не му е доволно на Митко, тој нема да може да си ја складира пченицата, и ќе биде приморан одман после жетва да ја предаде на мелничарско-прехранбената индустрија по цена кои тие ќе му ја диктираат.
Пример 2:
Тони од Ресен има јаболки неколку хектари и секоја година собира стотици тони. Бидејќи е ниска откупната цена, Тони сака да си изгради ладилник на својата нива за да си ги складира јаболката и си ги продава постепено по цена која нему му одговара. Е арно ама со новиот предлог закон, Тони смее да изгради ладилник до 30м2, што е ептен малку, па во неможност да си ја складира, Тони е приморан веднаш после берба да ја продаде јаболката по цена диктирана од трговците и преработувачката индустрија.
Пример 3:
Саше има неколку крави и сака да си ја прошири фарма за поголем број крави и објект за чување на сточната храна. Со новиот предлог закон, Саше може да изгради објект до 30м2, што не е доволно за чување на кравите и храната за нив. Саше е приморан секојдневно да бара и купува храна, и без можности за зголемување на бројот на кравите.
Досегашната пракса на владеење на СДС-ДУИ-ДПМНЕ кажуваше дека на земјоделско земјиште никнуваа и објекти кои немат никаква допирна точка со земјоделие, како на пример паркинг плацеви за камиони, механичарски работилници, и други индустриски објекти. Државните и општинските власти и инспектори се правеа при очи слепи и при уши глуви, мижеа пред “нападите” на крупниот капитал.
Досегашната пракса на владеење на СДС-ДУИ-ДПМНЕ кажуваше дека на земјоделско земјиште никнуваа и објекти кои немат никаква допирна точка со земјоделие, како на пример паркинг плацеви за камиони, механичарски работилници, и други индустриски објекти. Државните и општинските власти и инспектори се правеа при очи слепи и при уши глуви, мижеа пред “нападите” на крупниот капитал.