Исмаил: Османи активно работи против македонскиот клуб во Бугарија и за тоа треба да биде разрешен

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – член на Президиумот на Левица

Владата се пофали дека отворањето на овој клуб во Благоевград е плод на Договорот (нео-фашистички) склучен со Бугарија. Е арно ама, нивниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, цела недела со пресови и дописи активно работеше против овој клуб. И на крај резултатот е овој – македонскиот клуб во Бугарија е затворен од страна на бугарските судски власти.

Дали Владата е свесна дека ова е директна последица на активностите на нејзиниот шеф на дипломатијата? Тој, не само што ги загрози културните права и слободи на македонското малцинство во Бугарија, туку ја стави во неповолна позиција и Македонија, оти никој жив надвор, ниедна меѓународна институција нема да го види ова како проблематично, особено не ЕУ, затоа што имаат одличен изговор: ”Па вашето МНР не го прифаќаше клубот, не само што не го поддржува туку и активно го осуди истиот” (сомнителни финансии, па не знам ти какви мотиви, па Руски влијанија)…

Бујар не само што може и мора да биде разрешен, против него треба да има и кривична постапка.