Мециновиќ: Западнословенските земји можат да бидат наши пријатели
Изјава на Амар Мециновиќ – портпарол на политичката партија Левица за Само Вистина
Минатиот месец на состанокот на Европската Левица на парламентарната група со нашите сродни партии на парламентарната група кои патем организираа масовен протест во Франција, разговаравме токму за овие работи.
Сите овие партии се окарактеризирани како анти Еу партии од страна на СДС и ДУИ, но на крајот се испостави дека нашите партии работат во спротивно интересите на ЕУ.
Состојбата во Европа е различна, во Европа се размислува за престојната зима и како ќе влијаат санкциите во Европа бидејќи таа се наоѓа во многу специфична ситуација.
Јас постојано ги давам за пример западнословенските земји кои можат нас да ни бидат пријатели во оваа состојба. Нашата дипломатија е или некомпетентна или намерно ги дистанцира нашите пријатели.