Накие Бајрам и Роса Плавева: Бунтот во Скопје против зарот и фереџето

Накие Бајрам (сопруга на Ферид Бајрам) заедно со Роса Плавева (сопруга на Илија Плавев), во првите години од 20 век го организирале бунтот на османлиските жени од Скопје против зарот и фереџето. Бунт кој почнува со тајниот состанок на педесетина жени на османлиски офицери, што се одржал во јули 1908 година, во домот на скопската шивачка Плавева.

Средбата тогаш е опишана како „конспиративен состанок“, на кој педесетина турски жени од Скопје, решиле јавно да се побунат против зарот и фереџето и покрај ризиците што ги носела таквата храбра одлука во тогашното конзервативно општество. Имено, овие жени решаваат да се организираат и да се подготват за јавен протест на кој јавно и демонстративно ќе се одбулат, веејќи знамиња со пораки: „Доста ни е од црнила на очите“ или – „И ние сакаме живот како другите жени“. На протестот исто така имало и црвени знамиња на кои пишувало „Турчинките бараат слобода“.


Накие Бајрам (сопруга на Ферид Бајрам) заедно со Роса Плавева (сопруга на Илија Плавев), во првите години од 20 век го…

Posted by Реџеп Исмаил on Monday, 8 March 2021