АктуелноЛокалноНастани

Левица: Официјлано отворена новата канцеларија на Левица во Општина Илинден

  • Соопштение на политичката партија Левица

Вечерва, Локалниот огранок на Левица во Илинден свечено ја отвори новата канцеларија во општината.

Народот ја препознава Левица како своја народна партија која што постои за да се избориме за доброто на сите.

Левица е поинаква партија, која ветува грижа за сите, но, најмногу за обичниoт народ кој минатите децении изгуби доверба во сегашните партии на власт и кои сега пропаѓаат една по една вo бездната на безидејноста, криминалот и незаинтересираноста за суштествувањето на “нивниот” народ.

Поддршката за Левица како единствена автентична партија на трудот секојдневно расте. Локалниот огранок на Левица од Илинден, како дел од тој инструмент е во постојан раст, а како резултат на тој раст и потребата да бидеме достапни за граѓаните ја отвараме канцеларијата на ЛО Илинден.

На отварањето на новата канцеларија присутни гости беа Претседателот на политичката партија Левица – Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов