Обединети во изградба на модерна социјалистичка Кина – започна 20-от конгрес на КПК
Под слоганот „Обединети во изградба на социјализам со кинески карактеристики“ започна 20-от конгрес на Комунистичката партија на Кина (КПК).
„Конгресот се одржува во критично време кога целата партија и кинескиот народ од сите етнички групи тргнуваат на едно ново патување за да ја изградат Кина во модерна социјалистичка земја во сите погледи“, рече Ши Џинпинг во говорот со кој го отвори Национален конгрес на КПК.
Од нејзиниото основање пред еден век, Комунистичката Партија на Кина е посветена на трајното издигнување на кинескиот народ и благородната кауза за мир и развој на целото човештво.
„Сведоци сме на големи успеси на многу фронтови, вклучително и истражувања на Месечината и Марс. Испративме и сонди за истражување на океаните и земјата, изградивме суперкомпјутери, сателитска навигација, користиме квантни информации, технологија за нуклеарна енергија. Ние правиме авиони, развиваме биомедицина“, рече кинескиот претседател.
„Нашето искуство ни покажа дека на фундаментално ниво, за успехот на нашата Партија и социјализмот со кинески карактеристики, е заслужен Марксизмот, особено кога е прилагоден на кинескиот контекст и на потребите на нашето време“, подвлече Ши.
Ши истакна дека КПК има за цел да достигне социјалистичката модернизација до 2035 година и да ја трансформира Кина од 2035 до средината на векот во голема модерна социјалистичка земја, која е просперитетна, силна, демократска, културoлошки напредна, хармонична и убава.
Во својата надворешна политика Кина секогаш била посветена на одржување на светскиот мир и унапредување на заедничкиот развој, рече Ши. Тој нагласи дека човековата заедница се соочува со предизвици без преседан и ги повика сите држави да ги почитуваат мирот, развојот, праведноста, правичноста, демократијата и слободата, и да промовираат взаемно разбирање кои ги зближува различните народи.
„Да ги здружиме силите за да одговориме на сите видови глобални предизвици“, нагласи Ши.