АктуелноЛокално

Општина Гази Баба троши 7.000 евра за скапи лаптопи и таблети

Општина Гази Баба и градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, набавиле преносни компјутери и таблети во вкупна вредност од 426.552 денари или речиси 7.000 евра, пренесува 24 Инфо.

Според договорот, набавени се три лаптоп компјутери како и 27 парчиња таблет компјутери.

Она што е воочливо е цената на преносните компјутери која е едно од повисоките и изнесува 68.250 денари или над 1.100 евра за еден лаптоп.

Во време на енергетска и економска криза, Владата им укажа на сите општини да покажат рационалност во трошењето буџетски пари, но сепак во многу општини и натаму трошат пари на компјутери, автомобили и други расходи што не се неопходни во време на криза.

Извор: 24.инфо.мк