Власта повторно цензурира: Наместо „клетите фашисти“ се пееше „клетите душмани“ на Владината прослава во Куманово
Уште еден скандал ја тресе Владата на премиерот Ковачевски. Имено, на вчерашната владина прослава во Куманово по повод празникот 11-ти октомври, Денот на востанието на Македонија, при изведбата на македонски партизански песни, хорот наместо „клетите фашисти“, пееше „клетите душмани“.
Ваквото однесување на власта кон уште еден национален празник не претставува ништо друго, освен веднење глава пред национал-шовинистичките барања на Бугарија. За оваа Власт не е првпат на свечените церемонии или одбележувања на празници да има цензурирање на македонски песни или уште полошо делови од химната.
Во прилог можете да го погледнете видеото од изведбата на хорот во кој се менува текстот на познатата македонска партизанска песна, која е симбол на отпорот и борбата против фашизмот.