АктуелноЛокално

Додека во Охрид се протестираше, Левица ја достави иницијативата за референдум до собранието

Додека во Охрид на организираниот протест од Левица се протестираше против отварањето на здружението „Цар Борис III”, истовремено пратениците на Левица, Апасиев и Крмов ја доставија до претседателот на собранието Талат Џафери иницијативата за референдум откако ја завршија постапката за собирање на потписите.

Прашањето за кое Левица бара да се распише референдум гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“.

Апасиев на брифингот за новинарите најави дека ако Талат Џафери повторно се однесува како уставен судија, ќе следи целосна блокада на собранието.