Левица: Додека Лимани се луксузира работниците немаат 4 месеци плата
- Реакција на Политичката Партија Левица
Додека директорот Локман Лимани од Алтернатива се луксузура во модерни канцеларии, репрезентации и патувања, вработените во АД ВОДОСТОПАНСТВО Скопје немаат земено веќе четврти месец плата.
Во услови на криза и препораки за штедење, директорот ги реновираше просториите за состаноци, а својата канцеларија освен што ја реновираше, ја пресели и на Водно.
Од друга страна, на работниците освен плата, не им се уплатуваат ниту придонеси, па со тоа го губат правото на бесплатно лекување.
Голготата на работниците е доведена до тој степен, што дел од работниците кои имаат потреба од медицински интервенции, го молат директорот да ги одјави, за да се пријават како невработени во Агенцијата и да користат здравствени услуги.
Јавноста е сведок како оваа корумпирана влада вештачки ги уништува јавните претпријатија, преку нивните неспособни кадри, заглавени во криминали. Дали, по примерот од погубната транзиција, СДС спрема приватизација и на водата во Македонија?
Кризата која ја загрози егзистенцијата на мнозинството граѓани не е увезена од надвор – единствен виновник за траорната економска состојба е коалиционото амнестирано мнозинство, предводено од СДС и ДУИ и нивните пајтон партии.