Апасиев: Објавено референдумското прашање
- Гостување на пратеникот и претседателот на Левица Димитар Апасиев за Канал 5
Вчера на состанок со Президиум и членови од ЦК на Левица е дефинирано прашањето за референдум. За разлика од ВМРО – ДПМНЕ ние ќе ги напаѓаме заклучоците на Владата на РМ со цел да не му се даде простор на Џафери да изиграва Уставен судија.
Прашањето би гласело:
Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на Собраниските заклучоци?
Со ова мислиме дека практично е невозможно да се одбие иницијативата формално-правно и затоа одиме на оваа варијанта каде што духот е да се продолжи духот на анти-владините протести кои беа најмасовни од кога СДСМ е на власт, а тоа е против бугаризацијата.
Следете го во живо гостувањето на пратеникот Димитар Апасиев