АктуелноЛокално

За Македонците Србија е најголем пријател, а Бугарија најголем непријател

Повеќе од една третина од граѓаните на Македонија веруваат дека Србија е најголемиот сојузник на земјата, додека Бугарија ја сметаат за најголем непријател, покажува истражувањето на фондацијата Конрад Аденауер.

Граѓаните на Македонија имаат најнегативни впечатоци за меѓудржавните односи со Бугарија, земја за која 52,5% од испитаниците сметаат дека имаме лоши билатерални односи. На прашањето која земја е најголемиот непријател на Македонија, 44% од испитаниците одговориле дека тоа е Бугарија.

Испитаниците имаат најпозитивни впечатоци за квалитетот на меѓусебните односи на Македонија со Србија, 68,6% од испитаниците ја сметаат оваа земја за најголем пријател. Потоа следува Германија за која вакво мислење имаат 64,3% од анкетираните.

Граѓаните на Македонија имаат најнегативни впечатоци за меѓудржавните односи со Бугарија, земја за која 52,5% од испитаниците сметаат дека имаме лоши билатерални односи.

Речиси две третини или 65,7 отсто го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не го поддржуваат, што значи дека 50,7 процентни поени повеќе ја поддржуваат оваа форма на поблиска соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија.

„Ова истражување на јавното мислење во Македонија, објавено во публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, беше спроведено во текот на август 2022 година на 1.111 испитаници.