Aпасиев: Паметна опозиција би пристапила кон тотална блокада на Собранието

По одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја отфрли иницијативата за распишување на референдум за укинување на договорот со Бугарија, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, искоментира дека Џафери покажал правно незнаење, но и сила, за што најави кривична пријава.

Откако Апасиев ја најави кривичната за Џафери се сврте и кон работата на опозицијата, за што рече дека паметна опозиција при вакви опструкции од страна на власта би преминала во тотална блокада на Собранието на Република Македонија.

„После чаталењето на Талат Џафери, паметна опозиција од ‘активна’ преминува на тотална блокада на Собранието…“ – напиша Апасиев.

Со оваа постапка, пратеникот и лидер на Левица практично ја повика опозицијата да го промени текот на работите и однесувањето во Собранието.