Зјуганов: БРИКС и ШОС ќе бидат клучни во соочувањето со НАТО
Новинската агенција Интерфакс беше домаќин на прес-конференција на Г.А. Зјуганов на тема: „Заложби на победата е силна економија и социјална правда! – Програмски предлози на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ)“.
Преносот на конференцијата неочекувано беше прекинат од видео сервисот на Јутјуб, наводно поради прекршување на неговите правила.
Претседателот на КПРФ Г.А. Зјуганов, зборуваше за најавените промени во економските и инвестициските политики во Русија, кои ден претходно ги најави Путин, и за кои рече дека многу претходно се дел од нивната програма.
Седмиот Источен економски форум завршува денеска. Вчера, речиси четири часа, со внимание ги слушав говорите на претседателот Путин и гостите на форумот. И сакам да забележам дека се појавија голем број нови идеи. Но, овие идеи одамна се предлагаат да бидат спроведени од Комунистичката партија на Руската Федерација. А тие се, пред сè, поврзани со високи технологии, поддршка за клучните региони и нов финансиски и економски курс.
Зјуганов, ја напомена историјата на градење на трансибирската железница, која денес има најголема улога во размена на луѓе и добра за многу краеви на Русија и потсети на нејзината улога за време на Втората светска војна.
Сакам да истакнам дека претседателот во својот говор посвети особено внимание на неколку програми. Пред сè, ова е развојот на Транссибирската железница и БАМ. Транссибирската железница почна да се гради со декрет на императорот Александар III.
Иако речиси целото опкружување тогаш го разубедуваше: велеа, невозможно е да се изгради железница со должина од речиси 10 илјади километри во услови на батак, планини и сибирски реки, тој рече дека без овој пат единството на Русија не може да се обезбеди и дека тоа ќе бидат нервите и садовите што ќе ја врзат земјата во една единствена целина.
На крај Транссибирската железница нè спаси во 1941 година, кога ги префрливме најдобрите сибирски дивизии во Москва и нејзината околина, што беше клучно во битките и нè спаси од нападите на нацистичката инвазија.
Претседателот на партијата констатираше дека денес руската економија несомнено се врти кон Исток и потенцираше дека организациите како БРИКС и ШОС ќе имаат клучна улога во, како што рече тој, „соочувањето со НАТО“
Денес се постави тезата дека финансиската и економската политика на Русија се врти кон Исток, а организациите како што се БРИКС и ШОС ќе станат одлучувачки во соочувањето со НАТО и Американците. Тие ќе ја одредат и новата економска политика за целата планета. Во идниот период, во Азија ќе се спроведуваат најамбициозните финансиски и економски планови, како и големите научни и технолошки достигнувања.