АктуелноЛокално

Владата со упатство го забранува терминот ‘‘македонски‘‘ на саемот во Србија

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ е организиран саем во Србија од 1. до 4. септември, при што на едно место ќе се промовираат најдобрите вина, гастрономијата и Балканот како туристичка дестинација.

Повеќе од 330 излагачи од 22 земји се очекува да присуствуваат на Белградскиот саем како дел од „Винската визија на отворениот Балкан“. Ќе се претстават 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Македонија.

Меѓу учесниците на саемот се најдобрите производители од Франција, Италија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Чиле, САД, Канада, Јужна Африка, како и Романија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји. Покрај производителите, на саемот ќе се соберат и најеминентните лозари, мајстори на визби, енолози, сомелиери, експерти за вино, како и трговци, дистрибутери и излагачи од најпознатите европски и светски винарии.

Скандалозна е пораката што Владата на Ковчевски ја испратила до сите учесници на саемот од Република Македонија, а таа е секој производ кој ќе биде презентиран да не ја содржи придавката “македонски”, туку со потекло од Северна Македонија.

Вината, сирењето, медот и туристичките дестинации, да не бидат наречени македонски вина, македонско сирење, македонска туристичка дестинација, туку само како вино од Северна Македонија, сирење од Северна Македонија и така натаму.

За ова обезличување на македонскиот идентитет, овој етно-инжинеринг на владата на СДС ние од Левица постојано предупредуваме и алармираме. Но на истите им порачуваме дека од позиција на власт Левица ќе ги укине сите договори кои задираат во македонскиот национален идентитет, а потписниците на тие договори ќе одговараат за своите зло дела.