Делегација на Руската Амбасада положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите партизани во Здуње
Делегација на Руската Амбасада во Македонија денеска положи свежо цвеќе на споменикот на загинатитие партизани од Петтата Прилепска и Шестата Поречка бригада во селото Здуње.
– Денес, заедно со жителите на селото Здуње делегациjата на Руската Амбасада предводена од Заменик-шефот на мисиjата Владимир Дjаков им оддаде почит на седумте партизани од Петтата Прилепска и Шестата Поречка бригада, кои загинаа во битката за ослободувањето на селото пред 78 години. Меѓу паднатите е и нашиот сонародник по име Василиј. Вечна им слава на храбрите херои!, напишаа од амбасадата во објава на Фејсбук.