АктуелноЛокално

(Видео) Асномска Македонија е татковина на чесниот народ, Северна е татковина на олигархијата

▪️ Од пресконференцијата на Јoван Крајевски, Сектор за политичка економија

“Асномските темели на Република Македонија не се само анти-фашистички, туку и социјални.

Асномска Македонија е татковина на сиот чесен и трудољубив народ, без разлика на верска или етничка припадност. Северна Македонија е татковина на олигархијата, држава во која беснее капитализмот, без какви било сопирачки и кадешто се’ е на распродажба.

Од овие причини, СДС е анти-асномски елемент – не само бидејќи соработува со врховистите и фашистите, туку и затоа што никогаш не застанува во одбрана на интересите на работничката класа и на обесправените, сиромашните и безимотните класи.

Левица бара итна оставка на Владата и предвремени избори, за на власт да дојдат луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните и за враќањето на АСНОМ-скиот карактер на Македонија.”